ПОВЕЌЕ

    АТАНАС МАНУШЕВ ОД ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ ја доби наградата за најдобар банкарски службеник за 2025 година

    Време зa читање: 2 минути

    По повод светскиот ден на штедење 31. октомври, од страна на Македонската банкарска асоцијација, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците номинирани од банките, штедилниците, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.

    Штедилница Фулм за 2025 година го одбра Атанас Манушев за најдобар банкарски службеник.

    Од Фулм велат дека тој е повеќе од колега –  тој е дел од историјата на Штедилница Фулм. Како прв вработен, веќе 26 години е сведок на растот и трансформацијата на институцијата, од нејзините почетоци до денешниот успешен модел на работење. Неговата приказна е приказна за посветеност, труд и верба во заедничка мисија.

    Да се биде најдобар значи секој ден да се вложуваш со срце – кон клиентите, кон колегите и кон работата,“ вели Атанас. Токму така, со тивка упорност, чувство за одговорност, тој остави трага која ќе се памети, додаваат од Фулм.

    Оваа година, Атанас заминува во заслужена пензија, носејќи со себе безброј спомени, искуства и пријателства создадени низ годините.

    Неговата награда е признание не само за професионалниот успех, туку и за човечката топлина и примерот што им го остава на сите нас. Со голема благодарност, Атанас несебично го споделува своето знаење и искуство со својот наследник, осигурувајќи дека духот и вредностите на Штедилница Фулм ќе продолжат да живеат и во иднина“, велат од Фулм за порталот Пари.

    Катерина Михајлова

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично