ПОВЕЌЕ

    Кочов: Да направиме сите заедно тимски крупен исчекор во развојот на УКИМ

    Време зa читање: 2 минути

    Денес се избира нов ректор на најстариот, најдобриот, државотворен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Академската заедница ќе гласа за лидер, кој ќе го предводи УКИМ во наредните три години.

    Кандидатот за врвната позиција на УКИМ, професорот д-р Атанас Кочов, порачува:

    „Неопходно е да направиме пресвртница во работењето на УКИМ. Да го подигнеме УКИМ и да и покажеме на целата држава дека Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ е столбот на високото образование. Да покажеме дека имаме наука, дека имаме можност. Да покажеме дека сме ние научната и културната ризница на Македонија.

    Она што е неопходно, и сакам да го упатам до моите колеги, членови на академската заедница е – доколку ја добијам довербата и бидам избран за ректор, тоа што најитно ќе го направам е потпишување стратешки договор со Европскиот истражувачки центар. За да се отворат можностите наши кадри да престојуваат во лабораториите на ЕИЦ. Да отвориме центар за имплементација на стратегијата за паметна специјализација.

    Неопходно е да работиме на подобрување на материјалната и финансиската состојба на УКИМ. Јавно кажав неколку пати дека нема да правиме задршки на пет проценти за авторски хонорари, туку напротив, сите средства, со домаќинско работење, ќе ги употребиме токму за наука и истражување. Сите кадри на УКИМ ќе имаат можност да работат научни истражувања.

    Ќе се грижиме да го подобриме стандардот на вработените на УКИМ, бидејќи во моментот имаме стандард понизок од колегите во основното и средното образование.

    Да не ги заборавиме студентите. На студентите ќе им се посвети посебно внимание за да имаме квалитетно реализиран наставен процес. Со опремување лаборатории, со обезбедување средства кои ќе овозможат не само теоретска, туку и практична настава. Да не заборавиме дека е потребно да се грижиме и за стандардот на студентите од аспект на нивното домување. Ќе влеземе во инвестиции, во остварување на првиот дом за студентите на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’.

    Едноставно, мора да покажеме дека УКИМ е еден и единствен наш дом. Дом на сите вработени на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’. Не смееме да дозволиме УКИМ да биде деградиран и да биде ставен во рангот со сите седум останати државни универзитети во Македонија“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично