АстраЗенека го продаде својот удел од 7,7% во Модерна, вреден нешто повеќе од милијарда долари.
Во извештајот се додава дека не е јасно во кој период британската АстраЗенека го продала својот удел во Модерна, а агенцијата Ројтерс која ја пренесувала веста не била во можност да добие коментари од двете компании.
АстраЗенека одржува партнерство со Модерна за лекови за лекување на други болести и може да ја продаде својата вакцина АстраЗенека – Оксфорд Ковид-19 на комерцијална основа во иднина, доколку вирусот стане ендемичен, се додава во извештајот.
Модерна, чија вакцина е одобрена за итна употреба против КОВИД-19 во САД, минатата недела објави дека очекува приходи од продажба на вакцината за коронавирус во износ од 18,4 милијарди долари.