Италијанската групација за луксузни производи „Armani“ забележа раст од 20 отсто во продажбата по постојани девизни курсеви во првата половина, откако се врати на оперативната добивка во 2021-ва година, бидејќи приходите ги достигнаа нивоата пред пандемијата во втората половина од годината.
Приходите „сега постојано ги надминуваат нивоата постигнати во 2019-та година, поставувајќи ја основата за значително подобрување на оперативната профитабилност – предмет на одредени потенцијални ризици“, се вели во белешката на групата. Сепак, се забележува можна економска рецесија предизвикана од војната во Украина, новите бранови на Ковид-19 и рестриктивните монетарни политики за борба против инфлацијата.
Од компанијата рече дека консолидираните нето-приходи минатата година изнесувале 2,02 милијарди евра, што е за 26,3 отсто повеќе од 2020-та година. Продажбата од директно управуваните продавници, кои сочинуваат повеќе од половина од вкупниот број, се зголемени за 37 отсто во споредба со 2020-та година
Групацијата со седиште во Милано објави добивка пред камата и данок од 171,2 милиони евра наспроти оперативна загуба од 29,5 милиони евра во 2020-та година.
„Извонредниот раст постигнат во 2021-ва година, консолидиран со позитивните резултати во првата половина од оваа година, ме прави внимателен оптимист“, рече Џорџо Армани, претседател и извршен директор на групацијата.