ПОВЕЌЕ

    Apple сега тежи 3.000 милијарди, повеќе од целата британска економија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Американската компанија Apple е на чекор до тоа да биде првата во светот која достигна пазарна вредност од 3.000 милијарди, што би го направило овој технолошки гигант повреден од германскиот пазар на капитал или од целата британска економија.

    Овој развој се случува само една година откако Apple достигна пазарна капитализација од две милијарди долари, бидејќи претходно, во 2018 година, ја надмина магичната линија од 1.000 милијарди, пренесува агенцијата Bloomberg.

    Акциите на компанијата се затворија на 175,08 долари на Волстрит во средата. Apple треба да достигне цена од 182,85 долари по акција, за да ја достигне посакуваната пазарна вредност од три трилиони долари, пренесува Russia Today.

    Досега оваа година, акциите на Apple пораснаа за речиси 30 отсто, по големиот пораст од 80 отсто минатата година. Ривалските компании, како Мајкрософт, Амазон, Алфабет и Тесла, забележаа пораст на вредноста меѓу 10 и 70 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично