ПОВЕЌЕ

    Ангеловска на Фреја форумот: Дигиталните алатки сè уште се занемарени како клуч за подобрување на демократијата

    Време зa читање: 3 минути

    „Дигиталните алатки сѐ уште се занемарени како клуч за подобро раководењето со државите и за подобрување на демократијата. Дигитализацијата може да помогне во адресирањето на глобални проблеми меѓу кои и најгорливиот – одржливиот развој. Новите технологии се и клуч за премостување на родовиот јаз.“ Обраќајќи се на отворањето на интернационалниот 13. Фреја форум што оваа година се одржува во Скопје, министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека пред нас е откривање и користење на потенцијалот на технологиите за адресирање крупни општествени проблеми.

    Таа на социјалните мрежи сподели дека „дигитализацијата е одговорот и решението на бројни предизвици со кои се соочуваме. Дигиталните алатки се клучни за креирање на ефикасни процеси, еднакви права и можности за сите, намалување на нееднаковста и засилување на демократијата. Денес имав задоволство да се обратам на 13тиот Фреја Форум кој беше посветен токму на овие теми. Инаку, Фреја е форум за родова еднаквост, демократија, претприемништво и дијалог кој од 1995 година се залага за мир и зајакнување на демократијата во земјите од Западен Балкан.“ – истакна министерката Ангеловска.

    Дигиталните алатки можат да се користат за да се подобрат услугите на Владите. Со едноставни анализи базирани на дигитални алатки можеме да видиме, на пример, кој и каде најмногу користи Интернет, како показател за развојот на одредени региони.

    „На пример во Чикаго, вградени дигитални следачи во велосипедите им покажуваат на градските власти кои патишта треба да ги реконструираат. Дигиталните алатки се ресурс на денешницата исто како што во првата индустриска револуција била парната машина, исто како што беше самиот Интернет“ – рече Ангеловска.

    „Моите заложби се насочени кон вбризгување на дигиталните технологии во секоја сфера бидејќи верувам дека иднината за Северна Македонија лежи во смарт и дигитално општество.мк. Во оваа смисла, Министерството за финансии ќе се заложи за поголема примена на дигиталните технологии во делот на:
    ✔️ адресирање на сивата економија и даночните политики,
    ✔️ следењето на имплементацијата на капиталните инвестиции
    ✔️ буџетската транспарентност.“ – истакна министерката Ангеловска

    Меѓудругото Ангеловска истакна дека ги охрабрува сите учесници на Фреја Форумот да го прифатат предизвикот и да бидат креативни предводници на нови трендови во дигитализација на приватниот но и јавниот сектор.

    Фреја форумот од 1995 година  работи на градење капацитети, демократија и еднакви можности преку развој на непрофитни организации во Западен Балкан, Турција, Шведска и земјите од ЕУ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично