Утрово се исплатени 27.8 милиони евра кон 9те банки издавачи на картичката и од денес започнува издавањето на домашните платежни картички на граѓаните.
Најдоцна до 18ти јули ќе бидат издадени 325.000 картички со финансиска поддршка – средства кои преку граѓаните ќе се влеат кај погодените сектори за купување на домашни производи и услуги. 🇲🇰.
На https://kupuvamdomasno.gov.mk со впишување на матичиот број секој граѓанин кој спаѓа во дефинираните може да провери која банка издавач ќе му ја издаде картичката и да се информира кога и каде ќе ја добие својата картичка.
Секоја банка креираше своја посебна страна за информирање на граѓаните за распоредот – кога и каде ќе им биде издадена картичката https://kupuvamdomasno.gov.mk/mk/banks
Проектот наречен Домашна платежна картичка – Купувам домашно го подготвувавме со многу голема посветеност, енергија и пасија. Се размислуваше на сите аспекти при неготово димензионирање:
- како да е наједноставно за граѓаните
- како средствата да го дадат очекуваниот ефект врз економијата
- како истите да се насочат кон погодените сектори
Се мислеше и на резултатите кои ќе произлезат – промена на навиките, безготовинско општество, современо општество во какво што сакаме да живемее сите.
Во овој обемен прокет беа вклучени и придонес дадоа бројни институции – дел при креирање на листите (УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ), а дел при целосното оперативно решение – Министерство за финансии, Генерален Секретаријат, НБРМ, Македонска Банкарска асоцијација, банките… кои работеа долги часови, за време на празниците и викендите со цел непречна реализација што поскро.
Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.
Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија, –> [ топ 100 најголеми ]