ПОВЕЌЕ

    Ангеловска: Доделена е првата транша од евтините кредити од 50 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Доделена е првата транша од евтините кредити од 50 милиони евра од Развојна банка на Северна Македонија АД пласирани преку комерцијалните банки. Доделени се 25,6 милиони евра на:

    105 компании по каматна стапка од 1,6%

    Оваа кредитна линија беше дел од вториот сет мерки на Владата. Средствата се обезбедени преку Европската инвестициона банка. Државата субвенционира дел од каматната стапка со цел кредитите да може да се понудат преку комерцијалните банки со каматна стапка до 1.6%.

    Компаниите на кои им се одобрени евтините кредити се од:

    • Производство
    • Угостителство
    • Транспорт Услуги
    • Трговија
    • Здравство

    Заедно со Ковид 1 и Ковид 2 бескаматните кредитни линии на Развојната банка, во стопанството досега се вбризгани над 38 милиони евра за подобрување на ликвидноста во време на COVID-19 кризата. Со нив се поддржани:

    1.436 претпријатија
    16.777 работни места

    Преку задржување на ликвидноста на стопанството се осигурува неговото нормално функционирање и се поттикнува економската активност – фирмите можат да ги сервисираат своите редовни обврски, но и да преземаат инвестициски активности што е од големо значење за надминување на кризниот период.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично