Ангеловска дојде на функцијата министер за финансии пред 10 месеци. Во видеото кое го објави денес на својот Фејсбук профил во кое дава ретроспектива на дел од сработеното, вели дека почнале со многу силно темпо, а КОВИД-19 кризата донела уште посилно темпо и турбулентен период.
Во споделената објава посочува дека посебен предизвик за реализација била Домашната платежна картичка и поставувањето нови стандарди и дебрократизацијата на имплементацијата на мерките. Додека најгорда вели дека е на трите алатки за транспарентност “Отворени финансии”, “Јавен Долг” и “Капитални расходи” со кои значајно ја зголемиле транспаретноста.
Ова се 38 проекти и мерки кои ги наведува како одбран дел од сработеното во изминатите 10 месеци:
- Значајно ја зголемивме транспарентноста – отворивме нова алатка капитални расходи за сите да ја следат реализацијата за сите институции
- Го отворивме трезорот на државата за јавноста со алатката Отворени финанции
- Лансиравме и трета алатка и покажавме пример за поинаква борба со лажните вести и како нешто деструктивно може да прерасне во нешто конструктивно- со Јавен долг – и дадовме на јавноста разбирлива и точна информација за јавниот долг
- Донесовме буџет “Инвестираме во човечки капитал” – во кој вградивме – поголеми плати за здравствените работници од 5%-25% и за просветните работници за 10%, поголеми пензии за 700 денари, повеќе пари за мерки за вработување, за поддршка за покачени плати во приватниот сектор…
- Овозможивме 120.000 вработени во 20.000 фирми да имаат покачени плати со мерката за субвенционирање на покачување на платите
- Го замрзнавме прогресивното оданочување! – не затоа што не веруваме туку затоа што веруваме дека има подобар начин и тајминг за ваква реформа
- Се фокусиравме на сивата економија и направивме предлог акциски план
- Со грант од 1 мил еур овозможивме 78 општини да добијат прокетна документација за изградба на 270 км локални патишта
- Го кренавме прагот за ДДВ обврзници од 1 на 2 милиони денари – поголема флексибилност и помалку товар и администрација за малите компании
- Го завршивме проектот за поставување фотоволатични системи на 108 јавни установи во 36 општини- за чиста и одржлива енергија, помало загадувањето но и пониски сметки за струја
- Ја лансиравме МојДДВ МојаНаграда – им понудивме уште поголем поттик на граѓаните да се борат со сивата економија
- Вративме 11 милиони евра ДДВ на повеќе од 200.000 граѓани кои скенираат сметки со МОјДДВ
- Обезбедивме 136 милиони евра за најголемиот еколошки проект во земјава – Пречистителна станица Скопје – која ќе опслужува половина милион граѓани
- Потпишавме договори од 107 милиони евра за Програма за наводнување- за развој на земјоделството и Проектот за енергетска ефикасност на студентски домови – за подобри услови за нашите студенти
- Изготвивме прва сеопфатна Стратегија за даночна реформа – поставивме приоритети, патоказ и поголема предвидливост за бизнис заедницата
- Го зголемивме прагот за ослободување од царина за малите пратки од 45 на 90 евра – поголем избор и повеќе можности за граѓаните
- Обезбедивме 70 милиони евра со заем од Светска Банка за рехабилитација на и реконструкција на 450 км локални патишта во сите општини
- Вративме 402 милиони евра ДДВ на фирмите во 2019 година и 206 мил во 2020 – тоа е 26% повеќе од 2018 и за 44% повеќе од 2017 година
- Исплативме 30 милиони евра субвенции на 15.000 тутунопризводители, во време на најголема економска криза
- Го донесовме првиот закон со еколошка компоненета – новиот закон за моторни возила – кој ќе влијае на обновување на возниот парк
- Со проектот Купи Куќа, купи стан им помогнавме на 150 граѓани и семејства да го решат станбеното прашање
- Ја укинавме сметкопотврдата
- Во обид да ја намалиме хартијата и бирократијата – Отворивме форма за онлјан поднесување на бизнис иницијативи
- Со Проектот за подобрување на општински услуги започнавме над 30 проекти и завршивме над 60 проекти – ова се градинки, училишта, патишта, игралишта, водоводи, кои опслужуваат над 1.000.000 граѓани
- Заевно со Министерството за информатичко општество потпишавме меморандум за вопоставување дигитален идентитет за граѓаните
- Направивме ребаланс и обезбедивме средства за мерките за борба против COVID-19 кризата
- Придонесовме во креирањето и имплементирањето на три сета економски мерки за справување со КОВИД кризата / домашни платежни картички, ваучери за туризам, ваучери за студенти за ИТ вештини, и бројни мерки за поддршка за стопанството…
- Ја донесовме мерката за финансиска поддршка за исплата на плати 14.500 денари по вработен – која одржа над 140.000 работни места во кризата
- Како антикризна мерка – го ослободивме стопанството од аконтации од данокот на добивка и данокот на личен доход од март до јули
- Овозможивме одложување на ратите на кредитите на граѓаните и помали рати за најмалку 70% кај финансиските друштва
- Пуштивме 13.7 мил евра бескаматни кредитни линии преку Развојна банка кои помогнаа на над 1500 компании
- Донесовме уредба за решавање на прашањето со екстра-лесното гориво – ја изедначивме акцизата – за справување со злоупотребите и поздрава животна средина
- Донесовме уредба со која секоја фирма може да ги доставува фактурите електронски наместо хартиено
- Обезбедивме ликвидност на буџетот и финансирање за цела 2020
- Воведовме ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА – со 28 мил евра поддржавме над 320.000 граѓани, а преку нив и илјадници домашни компании.
- Поставивме нови стандарди и го дебрикратизиравме начинот на имплементација на ваквите мерки
- Се фокусиравме на домашното, – го дополнивме правилникот и ги дефиниравме македонските производи
- Воведовме промена во МојДДВ, 20% наместо 15% поврат за македонски производи и услуги
Целото видео може да го погледнете на линкот.