ПОВЕЌЕ

    Андреја Јосифовски купил 57 акции на „Макпетрол“

    Време зa читање: 2 минути

    Генералниот директор Андреја Јосифовски во сопственост има уште 57 обични акции на „Макпетрол“. За новостекнатите акции на претседателот на Управниот одбор, од компанијата информираа преку Македонска берза.

    По правило, секогаш е добар сигнал кога раководството купува акции издадени од компанијата со која раководи. Од „Макпетрол“ повремено објавуваат известувања за промените во капиталот. Според нив, Јосифовски во јуни се стекна со 80 акции, а во мај со 884. Тогаш акции, по 100, купија Марија Јосифовска Спасовска од Управниот одбор и претседателот на Надзорниот одбор, Александар Спасовски.

    Акциите на најголемиот дистрибутер на горива се меѓу најтргуваните на Берзата. Последната просечна цена постигната при тргувањето на 20 август, е 116 илјади денари за акција.

    Податоците од веб-страницата на „Макпетрол“ велат дека друштвото има издадено вкупно 112.382 обични акции, од кои 101.144 акции се со право на глас, а 11.238 се сопствени акции. Структурата на акционерскиот капитал (состојба од 31 декември 2024) ја сочинуваат домашни правни лица со 40,20%, домашни физички лица со 58,17%, странски правни лица со 0,52% и странски физички лица со 1,10%. Инаку, најголем акционер во оваа компанија е командитното друштво „Оилко“. Таму, пак, најголеми акционери се Макпетрол и Андреја Јосифовски.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично