ПОВЕЌЕ

    Ананас и Иуте, ново партнерство и поглавје во развој на онлајн трговијата

    Време зa читање: 2 минути

    Од денес Иуте му посакува официјално добредојде на Ананас – најново интегрираниот партнер и најголемата е-продавница во државата.

    Ананас и Иуте заеднички ќе работат кон ширење на хоризонтите на македонската дигитална економија и креирање нови можности, како за бизнисите, така и за купувачите, во насока на едно сосема ново и унапредено онлајн корисничко искуство.

    Соработката е пред сè резултат на делење на заедничка визија, мисија и вредности за развој на е-трговијата, со имплементација на сите најнови трендови, иновации и технологии.

    Ананас, уште од самиот почеток и лансирање пред неколку години донесе нови и свежи перспективи на онлајн пазарот. Од друга страна Иуте, како финтек лидер, петта година е пионер во иновации, особено со воведување на моделот “Купи сега плати подоцна”, со иста заложба за движење на економијата и индустријата кон сосема нови хоризонти.

    И Иуте и Ананас веќе неколку години се партнери и поддржувачи на Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија, давајќи активна поддршка и свежи перспективи за сите компании, кои имаат напредна визија и желба за бизнис трансформација во онлајн просторот.

    Наскоро започнува онлајн спортската недела на Иуте со специјални попусти и промоции, на којашто за првпат ќе се вклучи и Ананас.

    Заедно, го придвижуваме напред онлајн купувањето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично