ПОВЕЌЕ

    АНАЛИЗА: КАКВА Е БАНКАРСКАТА „БИТКА“ ЗА НОВИ ФИРМИ во првото полугодие?

    Време зa читање: 3 минути

    Во првата половина од годинава, како што веќе пишуваше „Пари“, отворени се 3.428 компании, а нивен најчест избор, како и лани, била Халк Банка. За 6 месеци Халк банка добила 863 нови клиенти, или 25,2% од сите новоoтворни фирми во овој период, покажува анализата на порталот „Пари“ во соработка со платформата БизнисМрежа.мк. Ова значи дека секоја четврта фирма отишла на некој од шалтерите на Халк банка за да се евидентира како нов клиент.

    Порталот „Пари“ во континуитет прави анализа на избор на банка кај новите фирми. Целта е да ја отсликаме банкарската конкурентска битка. Анализите покажуваат дека Халк банка станува се поомилена меѓу новите компании и нејзината предност пред другите банки станува сè поголема.

    ТОП 5 банки – избор на новоотворени фирми

    Анализата на податоците покажува дека најмногу новоотворените компании овие 5 банки ги избрале како матична банка: Халк Банка (863), НЛБ (648), Комерцијална Банка (605), Стопанска Банка-Скопје (385), Шпаркасе Банка (235).

    Значи, во петте од сите 12 банки, сметка отвориле 2.736 нови фирми, или 79,8 отсто од сите новоотворени компании во првото полугодие од годинава.

    СКОПСКИТЕ ФИРМИ ЈА ПРЕФЕРИРААТ ХАЛК, БИТОЛСКИТЕ – НЛБ

    Во Скопје, во третиот квартал од годината се отворени 1.628 фирма, што е 47,5 отсто од сите новоoтворeни компании. Од нив, 433 се одлучиле за Халк Банка, Комерцијална банка била втора по избор со 370 нови деловни коминтенти од главниот град, а во НЛБ отиште 343 скопски фирми.

    На второ место е Битола каде има 176 новоотворени фирми. Тие најмногу се одлучиле за НЛБ банка, со што таа добила уште 39 битолски фирми за коминтенти. Втор избор во Градот на конзулите е Халк банка каде за 6 месеци има 32 нови сметки од новите форми. Трет избор во Битола била Стопанска банка – Скопје, која таму добила 19 клиенти.

    На трето место се наоѓа Тетово со 167 новоотворени компании, од кои 50 отвориле сметка во Халк Банка. За ТТК банка се одлучиле 28 нови фирми, а за Стопанска Банка – Скопје – 22.

    ТОП 3 градови по новоотворени фирми и 3 најизбрани банки

    САМО НЛБ БАНКА „ЌАРИЛА“ ГОЛЕМА ФИРМА

    Од сите нови фирми, освен една голема и три мали, сите останати се микро-фирми. Големата фирма сметка отворила во НЛБ банка. Таму има и една која според регулативата влегува во мали компании, а по една мала има и во Комерцијална и Универзална инвестициска банка. Останатите банки добиле нови клиенти кои се микро фирми, а тоа се фирми со годишен обрт до 50.000 евра. Малите фирми пак може да имаат обрт до 2 милиони евра, средните до 10, а големите над овој износ.

     

    Редакција Пари

    Лектор: Христина Ангелеска-Мијоска

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично