ПОВЕЌЕ

    Амстердам стана главен финансиски центар во Европа

    Време зa читање: 2 минути

    Амстердам го собори Лондон како најголем центар за трговија со акции во Европа, откако Велика Британија го напушти единствениот пазар на Европската унија и „зеде“ дел од бизнисот со финансиски деривати во Велика Британија, според вчерашните официјални податоци.

    Прометот на главната холандска берза изнесува 9,2 милијарди евра на ден (11.15 милијарди долари) во јануари, наспроти 8,6 милијарди евра на лондонската берза, покажуваат податоците на берзата Сбое, која работи во двата града.

    Минатата година просечниот промет на берзата во Лондон беше 17,5 милијарди евра, Франкфурт беше втор со 5,9 милијарди, а Амстердам беше шести со 2,6 милијарди евра, според „берзата Сбое“.

    Градот Лондон веќе подолго време предупредува на последиците од напуштањето на единствениот пазар на ЕУ без соодветен договор во областа на трговијата со услуги, особено финансиските услуги, кои пред Брегзит имаа удел од над 10% во даночните приходи на Велика Британија.

    Официјални лица на берзата велат дека потегот од Лондон кон Амстердам веројатно ќе биде траен, бидејќи ЕУ не покажа знаци на напуштање на својот став дека акциите деноминирани во евро мора да се тргуваат во Унијата, чиј “домашен пазар” Британија го напушти на 1 јануари.

    Платформите во Амстердам, а во многу помала мера и во Париз, имаа удел од една четвртина на пазарот за размена на каматни стапки на еврото во јануари, споредено со само 10 проценти минатиот јули, објави ИХС Маркит, пренесува Танјуг.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично