Американскиот долар продолжува да паѓа, заедно со некои од најголемите светски валути веќе петти ден по ред, паѓајќи на најниското ниво за две години.
Американската валута изгуби вредност под притисок на ниски приноси на американски должнички хартии од вредност и негативни економски податоци во САД.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на САД во однос на најголемите ривалски валути, е ослабен според најновите податоци за 0,3 проценти на 92,55 поени, а во еден момент падна на 92,46 поени, најниско ниво од јуни 2018 година, пренесува Ројтерс.
Најновиот раст на акциите на технолошките компании обезбеди позитивно опкружување на пазарите и ја засили побарувачката за безбеден долар, додека резултатите од едно месечно истражување, покажаа полош индекс на состојбата и очекувањата на производителите од очекуваното.
Ова влијаело на трговците да одржат песимистички став кон американската валута.
Доларот падна дополнителни 0,2 проценти во однос на еврото на 1,19 американски долари и падна за 0,5 проценти во однос на јапонскиот јен, на 105,40 јени, што е најниско ниво за една недела и половина.
И покрај губењето на вредноста во последните недели, доларот е сè уште 27 проценти над нивото од 2011 година, што укажува дека може да има уште поголем пад на американската валута, особено врз основа на пазарна тежина, велат аналитичарите.