Доналд Трамп одлучи да преземе радикален потег против кинеските апликации.
Министерството за трговија на САД објави дека од недела ќе забрани деловни трансакции помеѓу САД и апликациите ТикТок и WeeChat.
Ова значи дека, почнувајќи од задутре, ќе биде невозможно да се преземат тие апликации на територијата на Соединетите држави.
Наскоро треба да откриеме дали американскиот Оракл ќе преземе дел од бизнисот на ТикТок и не е јасно дали оваа објава на Министерството за трговија на САД значи дека Трамп нема да објави што се случува на релација Оракл-ТикТок до недела.
„Под упатства на претседателот, презедовме значителни чекори за борба против Кина од злоупотреба на податоците на американските граѓани“, рече државниот секретар Вилбур Рос.