ПОВЕЌЕ

    АМЕРИКА ЈА КАЗНИ ГЕРМАНСКА ЛУФТХАНЗА бидејќи дискриминирала Евреи

    Време зa читање: 3 минути

    Спорниот лет, за кој германската авиокомпанија Луфтханза сега треба да им плати на американските власти рекордна казна од четири милиони долари, се случи во време кога беа на сила мерките против пандемијата на коронавирусот. Група патници, сите членови на православната еврејска заедница Хасидски Евреи, патувале во 2022 година од Њујорк на комеморација во Будимпешта со попатна станица во Франкфурт.

    По пристигнувањето во Франкфурт, персоналот на Луфтханза го забранил понатамошното патување на групата од 128 патници бидејќи некои од нив не сакале да носат заштитни маски, како што налагал тогашниот закон. Но, наместо да се забрани продолжувањето на патувањето само на оние кои не сакаат да носат маски, персоналот на Луфтханза забранил да се качи во авионот за Будимпешта целата група патници, препознатливи по нивниот изглед, на пример по типичната покривка на главата или по типичните бакенбарди на мажите (пејес).

    БЕВМЕ ДИСКРИМИНИРАНИ БИДЕЈЌИ СМЕ ЕВРЕИ

    „Не ни беше дозволено да се качиме само затоа што сме Евреи, не затоа што не сакавме да носиме маски“, рече еден од засегнатите патници за германскиот јавен сервис HR во тоа време. Тој, како и другите патници, беше принуден да лета во Будимпешта еднаш друга компанија и стигнаа со седум часа задоцнување.

    Луфтханза веднаш ѝ се извини на еврејската заедница во Берлин. Засегнатите, пак, изјавија дека не го прифаќаат извинувањето на Луфтханза, бидејќи тоа било „резултат на притисок“ Засегнатиот патник се пожалил дека „секогаш носел маска“, но, и покрај тоа, и само затоа што бил Евреин беше третиран како некои кои одбија да носат заштитни маски. За време на инцидентот на аеродромот во Франкфурт, присутна била и германската федерална полиција која ги обезбедувала сообраќајните клучки, но не интервенирала.

    Во соопштението на Луфтханза се вели дека авиокомпанијата изразува жалење што „на големата група и беше одбиено да се качи наместо да го ограничи на гостите кои не ги исполнуваат условите“. Луфтханза, исто така, се извини „не само за непријатностите, туку и за предизвиканиот прекршок и личното влијание“.

    Комесарот за борба против антисемитизмот на германската покраина Хесен (каде се наоѓа аеродромот) Уве Бекер (ЦДУ) побара од Луфтханза повторно да се извини во појасна форма, но авиокомпанијата одби. Луфтханза го отфрла тврдењето дека нејзиниот персонал дискриминирал индивидуални патници. Копнениот персонал, како што е соопштено, само реагирал на пријавата на капетанот на авионот на летот од Њујорк до Франкфурт, дека некои патници одбиле да носат заштитни маски.

    Министерството за транспорт изрече глоба за кршење на човековите права и дискриминација по верска припадност и таа е највисока сума за прекршок од ваков тип. Луфтханза веќе им плати отштета од два милиони долари на засегнатите патници, па сега на властите треба да им го исплати остатокот од двата милиони.

    Еврејските патници патувале за Будимпешта да го посетат гробот на рабинот Јешаја Штајнер, чудотворниот рабин кој почина во 1925 година и е погребан во село во североисточна Унгарија. Според Dan’s Deals, се проценува дека на летот биле од 135 до 170 Евреи, од кои 80 отсто носеле видлива хасидска облека.

    (Фото: Инетгруп)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично