ПОВЕЌЕ

    Америка им забранува на банките да купуваат руски “долг”

    Време зa читање: 2 минути

    Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе издаде извршна наредба со која ќе се овласти американската влада да санкционира кој било сектор од руската економија.

    Исто така, ќе им забрани на американските банки да учествуваат во купување на државни обврзници деноминирани во рубли на примарните пазари, пренесува Ројтерс.

    Тоа сепак, не ги спречува американските заемодаватели да купуваат руски суверен долг на секундарните пазари, додава британската агенција.

    Пазарните експерти, економските стратези и аналитичарите поделија мислења за најавената финансиска офанзива на Вашингтон, против Русија.

    Аналитичарот Кристофер Гренвил, од компанијата за економски истражувања ТС Ломбард во Лондон, проценува дека санкциите на примарниот пазар на руски државни обврзници ќе влијаат на каматната стапка на централната банка за 50 основни поени повисока отколку што инаку би била.

    „Санкциите се калибрирани да бидат строги, но не премногу. „Тие се сериозни затоа што не се работи само за уште една рунда политички санкции против неколку официјални лица или компании на црната листа за кои никој досега не слушнал, но тие се дизајнирани да и наштетат на Русија со зголемување на трошоците за позајмување и ослабување на рубата“, рече Гренвил.

    Тој додава дека меѓународните инвеститори (бидејќи санкциите се однесуваат само на примарната емисија), ќе продолжат да купуваат должнички хартии од вредност на руските држави на секундарните пазари.

    Хаснаин Малик, раководител на истражување на пазарот на капитал во лондонската група „Телимер“, смета дека ограничувањето на САД за купување на нов руски државен долг „е голема казна за економија со фискален дефицит под 1,0 отсто и удел на јавниот долг во бруто домашен производ помал од 20 проценти“.

    „Во најдобар случај, ова е сигнал дека Соединетите држави можат да ги засилат своите финансиски мерки против Русија и тука има малку што би ја разнишало ситуацијата со инвестирање во Русија пред санкциите“, рече тој.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично