Амазон започна да тестира плаќање со дланка, во две продавници.
Неговиот неодамна воведен систем за биометрика на дланка, наречен Amazon One, штотуку започна со тестирање во две продавници во Сиетл и наскоро би можел да се појави во сите продавници, стадиони, концертни сали, згради и можеби за отклучување стан наместо отпечаток од прст, или скенирање на лице или очи.
На одреден начин, биометријата ќе ги претвори вашите дланки во кредитна картичка, лична карта, билет или некој друг документ за идентификација со препознавање на крвни садови, како што можете да видите на ова видео.
Амазон вели дека биометријата на дланката е многу подобра работа од другите технологии што се користат денес, бидејќи носи предност во однос на приватноста, па на корисниците ќе им се допадне повеќе затоа што не делува „полициско“ како системот за препознавање лице.