ПОВЕЌЕ

    АЛКАЛОИД: Во мај акционерите ќе добијат поголема дивиденда

    Време зa читање: < 1 минутa

    Алкалоид распределува зголемена дивиденда за 11,36 проценти

    Дивиденда повисока за 11,36 насто ќе им исплати скопски Алкалоид на своите акционери. Парите од добивката остварена во текот на минатогодишното работење ќе бидат исплатени на 17 мај. Тогаш акционерите во готово ќе го добијат износот што ќе биде префрлен на нивните трансакциски сметки.

    Според предлог-одлуката на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, донесена на вчерашната седница, на Собранието на акционери му се предлага исплата на дивиденда за 2022 година во износ од 490 денари бруто, односно 441 денар нето по акција. Во 2021 година се работело за 440 денари бруто и 396 денари нето-износ по акција.

    За оваа намена, односно за исплата на дивиденда и персонален данок на личен доход, македонскиот фармацевтски гигант издвојува околу 700 милиони денари, односно 11,36 милиони евра.

    Седницата на годишното Собрание на акционери е закажана за трети април, со почеток во 08:00 часот. Ќе се одржи во деловните простории на скопски Алкалоид.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично