ПОВЕЌЕ

    „АЛКАЛОИД“ РАСТУРИ НА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ: Нето добивка од 20,7 милиони евра во 2021 и 214 нови вработувања

    Време зa читање: 6 минути

    АЛКАЛОИД АД Скопје, во периодот јануари-декември 2021 година оствари позитивни финансиски резултати, искажани во неревидираните единечен и консолидиран биланс на успех

    Сметководствени политики и методи на вреднување

    Во 2021 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на АЛКАЛОИД АД Скопје.

    Вкупни приходи

    Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари-декември 2021 година изнесуваат 10.016.206 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат пораст од 4%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 95%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2020 година бележат пораст од 4%

    Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари-декември 2021 година изнесуваат 13.196.695 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат пораст од 5%. Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2020 година бележат пораст од 5%

    Вкупни расходи

    Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари-декември 2021 година изнесуваат 8.628.364 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат пораст од 3%.

    Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари-декември 2021 година изнесуваат 11.736.771 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат пораст од 5%.

    Дивиденда

    На 5 април 2021 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на брутодивиденда за 2020 година, во износ од 572.541 илјади денари, односно 360 денари нето за една акција.

    Инвестиции

    Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-декември 2021 година изнесуваат 1.186.125 илјади денари

    Обврски по основа на кредити

    Вкупните консолидирани обврски по основа на кредити на 31.12.2021 година изнесуваат 1.200.203 илјади

    Вработени

    Во периодот јануари-декември 2021 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 214 нови вработувања во Р.С.Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од 100 % од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во Р.С.Македонија. Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето. Во декември 2021 Управниот одбор по повод Јубилејот 85 години АЛКАЛОИД, одобри исплата на награда за вработените во нето износ од 28.000 денари. Групацијата АЛКАЛОИД брои 2.528 вработени, од кои 1.942 се во базата во Скопје, а 586 се вработени во подружниците во странство

    Поважни позиции од билансот на успех

    Остварените единечни и консолидирани резултати од работењето за периодот јануари-декември 2021 година, структурата и споредбите со остварувањата во претходната година се прикажани во следните табели:

    Од вкупните консолидирани продажби, 65% се остварени на странските пазари. Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во Германија (раст од 160 %), Полска (раст од 131 %), Украина (раст од 47 %), Русија (раст од 45 %), Унгарија (раст од 30 %), Бугарија (раст од 16 %), Чешка (раст од 12 %) итн. За првпат во сегментот фармација се реализираа продажби на производи во Германија, Австрија, Португалија и на Кипар, а во сегментот козметика се реализираше првата поголема продажба на колекцијата Becutan во Саудиска Арабија.

    Остварената единечна нето-добивка во 2021 година изнесува 1.281.406 илјади денари и во споредба со остварената во 2020 година бележи зголемување за 12%

    Остварената консолидирана нето-добивка во 2021 година изнесува 1.304.960 илјади денари и во споредба со остварената во 2020 година бележи зголемување за 12%.

    Бизнис-план за 2022 година

    Бизнис-планот за 2022 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 29.12.2021 година, предвидува инвестирање на околу 14% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 8% на консолидираните продажби во однос на 2021 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2021 година

    Бизнис-планот за 2022 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2022 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизниспланот.

    Очекувања за претстојниот период

    Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од пандемијата на КОВИД-19. Презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото.

    Во согласност со очекувањата, во текот на 2021 година здравствената криза се претвори и во економска а со тоа се појавија и нови предизвици во работењето. Она што како тренд веќе започна уште во 2021 година, а ќе доминира во 2022 година е забележителниот раст на цените на голем дел од влезните суровини и материјали, енергенсите, како и порастот на цените на транспортот на глобално ниво, а особено и значителните пролонгирања на роковите за испорака. Сето ова веќе започна да влијае и на стапката на инфлацијата што веројатно како тренд ќе биде уште понагласен во 2022 година. Земајќи го предвид конфликтот помеѓу Русија и Украина, започувајќи од 24 февруари 2022 година, АЛКАЛОИД АД Скопје превзема неопходни мерки за заштита на инвеститорите, купувачите и вработените обезбедувајќи им сигурни услови

    Како најголем предизвик и прв приоритет за периодот што доаѓа и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност, на финансиската стабилност и остварување на планските цели

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично