ПОВЕЌЕ

    АКЦИОНЕРИТЕ НАВРЕМЕ ДА ДОСТАВАТ ПОДАТОЦИ – „Алкалоид“ ќе исплаќа дивиденда од 15 мај

    Време зa читање: < 1 минутa

    На 15 мај скопски „Алкалоид“ ќе почне со исплата на дивидендата за 2023 година. Средствата како готовина ќе бидат префрлени на сметките од акционерите, а ќе добијат износи пресметани по утврдената нето-сума од 486 денари, односно 540 денари бруто за акција.

    Последниот датум на тргување со право на дивиденда е 16 април, а прв датум на тргување без право на дивиденда е 17 април. А, пак, 18 април е датумот за стекнување право на дивиденда за 2023 година.

    „Алкалоид“ ги повикува акционерите кои не доставиле податоци за трансакциските и жиро-сметки да се јават во друштвото најдоцна до 8 мај, на телефонскиот број (02)3104-252.

    Задоволни „алкалоидовци“, врвни резултати – Што сѐ добиваат вработените во „Алкалоид“?

    За дивиденда и данок за личен доход се испланирани 12,54 милиони евра. Во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната 2022 година од 490 денари бруто, односно 441 денар нето, сегашната е поголема за 10,2 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично