ПОВЕЌЕ

    Колкава дивиденда ќе подели Алкалоид – акцијата над 14.350 денари?!

    Време зa читање: 2 минути

    Акционерите на Алкалоид имаат дополнителна причина за радост.

    Во последните 52 недели, минимална цена што ја достигна акцијата на Алкалоид изнесува 8.354,00 денари додека пак максималната изнесува 14.530,00 денари по акција.

    Во петокот таа се тргуваше по просечна цена од 14.357,00 денари по акција, каде беа реализирани 12 трансакции и истргувани 179 акции со вкупен промет од 2.570.041 денари.

    Aкционерите да добијат дивиденда за 2020 година во висина од 360 денари нето, односно 400 денари бруто за акција, стои во предлог одлуката што ја објави Алкалоид на Македонска берза.

    Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 20-ти април.

    Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2020 година е 21-ви април.

    Датум на стекнување на право на дивиденда за минатата година е 22-ри април.

    Исплатата на дивиденда ќе започне од 19-ти мај.

    “Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на четврти март донесе предлог одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2020 година во износ од 400 денари бруто, односно 360 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 360 денари бруто, односно 324 денари нето е поголема за 11% на нето основа“, стои во Образложението на предлог одлуката за утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2020 година.

    Собранието на акционери на Алкалоид е планирано да се одржи на петти април во деловните простории на компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично