Во периодот јануари-септември 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 175 нови вработувања во Македонија. На крајот на септември 2020 година во „Алкалоид“ во земјата работат 1.822 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во странство има вкупно 536 вработени или вкупно 2.358 вработени во групацијата.
Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2020 година беше одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор на вработените во компанијата, во висина од 29.687 денари бруто, односно 26.718 денари нето.
Вкупните консолидирани обврски по основа на кредити на 30.09.2020 година изнесуваат 1.296.701 илјади.
Вработени
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 6.245.330 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат пораст од 11%.
Дивиденда
На 6 април 2020 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто- дивиденда за 2019 година, во износ од 515.287 илјади денари, односно 324 денари нето за една акција.
Инвестиции
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 1.178.727 илјади денари и се поголеми за 96% во однос на истиот период од 2019 година.
Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 9.226.036 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат пораст од 10%. Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 8%.
Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 8.235.882 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат пораст од 9%.
Вкупни расходи за период јануари – септември 2020 година
Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 7.187.131 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат пораст од 11%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 96%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 9%.
Сметководствени политики и методи на вреднување
АЛКАЛОИД АД Скопје, во периодот јануари-септември 2020 година оствари позитивни финансиски резултати, искажани во неревидираните единечен и консолидиран биланс на успех.
Во 2020 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на АЛКАЛОИД АД Скопје.
Поважни позиции од билансот на успех
Остварените единечни и консолидирани резултати од работењето за периодот јануари-септември 2020 година, структурата, динамиката и споредбите со остварувањата во претходната година се прикажани во следните табели: