Фармацевтската компанија „Алкалоид“ најави обновување на сопствената евиденција на пензионери и поради тоа упати повик до сите поранешни вработени да се пријават во компанијата. Тоа можат да го сторат со јавување на телефонскиот број 02 3104 129, или преку електронската адреса [email protected].
Со ова, компанијата сака да ги потсети пензионираните алкалоидовци, дека нивниот придонес е огромен во сите реализирани проекти, во секој производ и капацитет. И дека работењето на „Алкалоид“ се должи на квалитетот на вработените, односно на генерациите кои учествувале во изградбата на овој познат бренд, соопштија од компанијата.
„Големите нешта никогаш не доаѓаат лесно и одеднаш – тие се плод на напорната работа и на вложениот труд на многу генерации алкалоидовци, кои безрезервно ја изразиле својата силна намера и цврста волја да придонесат во работењето и во развојот на компанијата. Некои тоа го правеле со години, со децении, и своите пензионерски денови ги дочекале во нашите производствени погони или во административните единици, а на своите потомци денес им раскажуваат за својот придонес во градењето на компанијата која важи за една од најдобрите фармацевтски индустрии во Југоисточна Европа“, велат од „Алкалоид“