ПОВЕЌЕ

    Алиу и Гир во Скопје го потпишаа Договорот за учество на Македонија во Програмата ,,Дигитална Европа”

    Време зa читање: 2 минути

    Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир, денеска во Скопје го потпишаа Договорот меѓу Европска Унија и Северна Македонија за учество на нашата земја во програмата „Дигитална Европа“.

    Во рамките на регулаторниот дијалог со Западен Балкан, на 30 јуни 2023 година, Европската комисија потпиша Договор за асоцијација за Програмата ,,Дигитална Европа“ – со Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Србија.

    Бизнисите, јавната администрација и организации од овие земји ќе имаат пристап до фондот од 7,5 милијарди евра за периодот 2021-2027 година.

    ,,Овој договор означува важен чекор во дигитализацијата што нашата земја сега ја започна со брзи чекори и кој ќе се одвива непречено до целосна дигитализација на работните процеси на администрацијата, почитувајќи ги законите, стандардите и ИКТ структурите, во текот на дизајнирањето, имплементацијата и унапредувањето на дигиталните услуги.

    MИОА има главна цел да ги исполни стандардите и условите за да осигура безбедна иднина во Европската Унија.  Затоа, активностите поврзани со дигиталната трансформација на јавните институции и модернизацијата во оваа насока, е главниот фокус на нашата влада“, изјави министерот Алиу.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично