ПОВЕЌЕ

    Алибаба бара 1.000.000 инфлуенсери

    Време зa читање: 2 минути

    Алибаба, најголемиот кинески интернет трговец, продолжува со модернизација на својот бизнис, а со цел подобро промовирање на своите производи, само оваа година ќе се обиде да вработи 1.000.000 инфлуенсери.

    Според компанијата, инфлуенсерите можат да доаѓаат од целиот свет, затоа што тоа во голема мера ќе го олесни проширувањето на нивната деловна мрежа.

    Иако Алибаба сака да привлече голем број на инфлуенсери во наредните месеци, прашањето е кој број на следбеници е неопходен за некој да ја рекламира компанијата. Според регионалните стандарди, ова лесно може да биде некој со минимум 10,000 следбеници, додека според непишаните стандарди во САД, таа личност треба да има најмалку 100.000 следбеници, доколку сака статус на влијателен инфлуенсер.

    На овој начин, Алибаба сака да ја подобри продажбата на својата платформа Алиекспрес, а популарните инфлуенсери би помогнале многу со помош на социјалните мрежи (пред се Инстаграм и ТикТок).

    Целта на компанијата е до 2023 година да достигне дури 1 милион инфлуенсери кои би ја промовирале компанијата.

    За таа цел, Алибаба веќе ја лансираше платформата Алиекспрес Конект. Инфлуенсерите ќе бидат платени за рекламирање на производите на компанијата, а некои од нив би требало сами да ги смислат кампањите и на тој начин дополнително да ги промовираат производите.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично