Време зa читање: 2 минутиКинескиот технолошки гигант „Алибаба“ ќе ги поддржи со 100 милијарди јуани (15,5 милијарди американски долари) напорите на државата и претседателот Си Џинпинг да постигнат „заеднички просперитет“ на сите граѓани.
Според Си-Ен-Ен, компанијата објави дека до 2025 година ќе инвестира неверојатна сума пари, наведувајќи ги како приоритетни цели: иновации во технологијата, економски развој, „висококвалитетно вработување“, поддршка за ранливите групи и воспоставување на посебен развоен фонд.
Компанијата, исто така, идентификуваше 10 специфични задачи што планира да ги постигне, почнувајќи од зголемување на технолошките инвестиции во помалку развиените региони во земјата, преку подобрување на благосостојбата на работниците во економијата, до работа за забрзување на растот на малите бизниси и земјоделството.„Алибаба“, исто така, ќе формира „Работна група за унапредување на просперитетот“, со која ќе раководи претседателот и извршниот директор на компанијата, Даниел Џанг.
„Алибаба“ има корист од силниот социјален и економски напредок на Кина во текот на изминатите 22 години. Цврсто веруваме дека ако општеството и економијата се добро, „Алибаба“ ќе биде добро”, рече Џанг во изјавата, додавајќи дека компанијата сака да придонесе со својот удел да го поддржи постигнувањето заеднички просперитет преку висококвалитетен развој.