ПОВЕЌЕ

    Алеш Ипавец на местото од Боштјан Ковач во Надзорниот одбор на НЛБ банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Промени во Надзорниот одбор на НЛБ банка. Алеш Ипавец е новиот член на ова раководно тело, за што согласност е добиена од Народната банка. Четиригодишниот мандат започнува на 13 месецов.

    „Ве известуваме дека на ден 01.09.2025 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност г-дин Алеш Ипавец да биде именуван за член на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат од 4 (четири) години, сметано од 13.09.2025 година“, наведено е во информацијата од НЛБ банка.

    Ипавец доаѓа на местото на Боштјан Ковач, кому мандатот му завршува на 12 септември.

    „Со издавање на Решението од НБРСМ, Ве известуваме дека престанува мандатот на г-дин Боштјан Ковач, член и заменик претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, заклучно со 12.09.2025 година“.

    Со Надзорниот одбор на НЛБ банка раководи, Хедвика Усеник, а членови се Зоран Јовановски, Андреја Стражишар, Кристина Ковачич Бјелајац и Наташа Пукл.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично