ПОВЕЌЕ

    Актуелни теми и компетентни учесници – Македонска берза ја организира 23. Годишна конференција

    Време зa читање: 2 минути

    Улогата на домашните институционални инвеститори, регионалните случувања на пазарите на капитал во Југоисточна Европа, идните трендови на глобалните пазари, законската рамка за македонскиот пазар на капитал, стратегиите за семејно наследство, компаниите и берзата, иницијативи за поддршка на родовата еднаквост… се темите за дискусија предвидени со програмата на претстојната 23. Годишна конференција на Македонска берза.

    Станува збор за еден од најважните финансиски настани во Македонија, на кој мислењата, ставовите и искуствата ги разменуваат значајни личности од финансискиот сектор, од банките, инвестициските и пензиските фондови, брокерските друштва, учествуваат регулатори, академици, претставници на медиумите… Конференцијата е позната и по својот меѓународен карактер, со говорници и учесници од странство, особено од пазарите на капитал во регионот на Југоисточна Европа. Годинава гостите се од Србија, Хрватска, Словенија, Велика Британија, Белгија, Романија…

    Всушност, годишната конференција на Македонска берза, во изминатите повеќе од две децении стана препознатлива токму по компетентноста на учесниците, според изборот и актуелноста на темите, бројните панели, презентации и говори.

    Актуелна и интересна е и агендата за конференцијата која ќе се одржи по 23 пат, од 19 до 21 септември во Охрид, а регистрацијата за присуство на заинтересираните е во тек.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично