ПОВЕЌЕ

    Ако се фактурираат сегашните загуби на вода од 63% – ќе нема потреба од поскапување

    Време зa читање: 2 минути

    Во регионот Македонија е меѓу земјите со највисоки загуби на вода, која е 62 до 63 проценти на ниво на целата држава. Не се инвестира во инфраструктурата, а бројни се и импровизациите во овој сектор, посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

    „Ние како РКЕ во повеќе наврати кажавме дека не бегаме од таа одговорност и сме подготвени да ја определуваме крајната цена за сите водни услуги. Имајќи го предвид нашето искуство, гарантираме дека ќе ја подобриме ефикасноста на компаниите, ќе овозможиме поголем број  инвестиции и за сметка на тоа ќе ги намалиме загубите на вода на државно ниво и нема да предизвикаме никакви ценовни шокови“, рече Бислимоски одговарајќи на новинарски прашања.

    Со намалување на загубите ќе се зголемат и количините што ќе се фактурираат и на тој начин ќе нема потреба од зголемување на цената за водните услуги, смета првиот регулатор. Укажува дека е клучно да се обезбеди цена што ќе овозможи развој на претпријатијата, што ќе е тапна и прифатлива за крајните корисници, а регулаторот да ја преземе целосната надлежност во формирање на крајната цена.

    „Со години инсистираме да ја преземеме во целост надлежноста за формирање тарифи што се реални и инвестициски поттикнувачки. Со природните ресурси, како водата, не смееме да дозволиме алиби игри. Во овој момент РКЕ определува само опсег на тарифи – од минимална до максимална, а советите на локалните самоуправи најчесто се определуваат за најниската цена, односно тарифа што обезбедува минимален праг на рентабилност со мали инвестиции, при што мрежата не се обновува, а вработувањата се зголемуваат“, појасни Бислимоски, според кој регулаторите решението го гледаат во преземањето целосна надлежност во формирање на крајната цена.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично