ПОВЕЌЕ

    Акционерите на „Охридска банка“ одобрија план за зголемување на капиталот

    Време зa читање: < 1 минутa

    Охридска банка“ соопшти дека нејзините акционери одобриле план за зголемување на акционерскиот капитал за 315 милиони денари (5,1 милиони евра), со цел подобрување на капиталната позиција на банката.

    Според планот, на продажба ќе бидат понудени 119.000 акции, по почетна цена од 2.650 денари, со вкупна номинална вредност од 315 милиони денари.

    Со акциите на „Охридска банка“ последен пат се тргуваше на Македонската берза на 5 мај, по просечна цена од 4.645 денари по акција.

    Мнозински сопственик на „Охридска банка“ од минатата година е „Штирмаркише банк унд Шпаркасен“, кога ги откупи акциите во сопственост на француската „Сосиете Женерал“, која поседуваше 74,53 проценти од банката. „Штирмаркише банк унд Шпаркасен“ сега поседува 91,57 отсто од акциите на „Охридска банка“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично