ПОВЕЌЕ

    Акцијата на „Македонијатурист скокна на 13.600 денари! Кој изброи 6,8 милиони евра за пакет од 6,8 проценти?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Трката за процент повеќе во сопственичката структура на „Македонијатурист“ продолжува. Цената за акција доби вредност од безмалку 13.600 денари. По тој износ е пресметана последната блок-трансакција, со која некој си обезбедил удел од 6,8 отсто во хотелско-угостителската компанија.

    Ова не е најскапо платениот пакет, но купопродажбата е реализиран по досега највисока цена. Еве што покажуваат податоците од информацијата на Македонска берза.

    Познат купувач се стекнал со 30.741 обична акција. Единечната цена е 13.597,04 денари, а за нив се платени 417.986.606,64 денари. Номиналната вредност на акцијата е 25,56 евра.

    Очигледно, урнат е рекордот што претходно го постигна Соња Бибановска, од 11.070 денари за акција. На последниот ден од октомври за своите 11,27 проценти (50.953 акции) наплати 9,2 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично