Акцијата на Алкалоид го достигнува својот врв денеска и направи историски пробив во вредноста надминувајќи 18.000 денари. Во моментов според податоците на Македонска берза една акција на фармацевтскиот гигант чини 18.005. Од вчера кога просечната вредност на акцијата во текот на денот изнесуваше 17.999 денари, денеска со раст за 0,22 проценти.
Акцијата на Алкалоид во континуитет е меѓу петте најтргувани акции на Македонската берза. Атрактивната акција на компанијата во август се најде на четврто место како најтргувана акција со остварен промет од 51.869.982 денари.
Компанијата редовно исплаќа дивиденда на своите акционери. За 2020 година беше исплатена дивиденда за 2020 година во износ од 400 денари бруто, односно 360 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 360 денари бруто, односно 324 денари нето е поголема за 11% на нето основа.
Редакција Пари