Поминаа точно три години откако акциите на НЛБ почнаа да котираат на ЛЈСЕ (прва поединечна цена: 56,65 евра). Во тоа време, аналитичарите беа доста скептични бидејќи сеќавањето за падот на акцијата на Нова КБМ сè уште беше доста живо.
Но, сега приказната е поинаква, НЛБ Групацијата добро заработува. Во првите девет месеци од годинава изнесува 205,5 милиони евра што е за 96 отсто повеќе во однос на истиот период лани. НЛБ банка на 24 декември планира на акционерите да им исплати речиси 67,4 милиони евра дивиденда. 3,37 евра бруто по акција. Акцијата минатата недела порасна за пет отсто и надмина 80 евра. Само во ноември акциите поскапеа за 10 отсто, а годинава за речиси 80 отсто.