ПОВЕЌЕ

    Акциите на „Либерти“ повторно „растураат“ во нетрговските трансфери

    Време зa читање: 2 минути

    За три дена 5.217 акции се подарени, наследени…, односно сопственоста е променета по пат на  нетрговски трансфери. Во вторникот и во четвртокот се работи за речиси ист број акции – 2.273, од кои 11 приоритетни на Стопанска банка Скопје и 2.272. Акциите се издадени од 15 компании и од три банки.

    И минатата работна недела повторно најбројни биле акциите на – „Либерти“ АД Скопје. Прво 815, па потоа 911, или вкупно 1.726 обични акции.

    Податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност што ги објавува Македонска берза покажуваат дека на двапати се трансферирани акциите на уште пет компании. „Макстил“ со 1.191 акција, во вторник 562, а во четврток 629. Тука се и акциите на „АрцелорМиттал“ (ХРМ) АД Скопје, вкупно 1.036, а трансферирани – 489, па 547. Кај „Уготур“ АД Скопје се работи за 27 и 30 обични акции. РЖ „Интер-Трансшпед“ АД Скопје е застапен со по 25 и 28 обични акции, а РЖ „Техничка контрола“ АД Скопје со 10 и 11 обични акции.

    И акциите на „Македонски телеком“ се појавуваат секоја работна седмица во нетрговските трансфери. Сега се 512 обични акции. Од компаниите, пак, што произлегоа од некогашната „Железара“, ги има и акциите на РЖ „Услуги“ – 207 и на РЖ „Економика“ – 24.

    Често се среќава и „Раде Кончар- Апаратна техника“, овојпат со 100 обични акции. Сопственоста е пренесена и кај 70 обични акции на „Алкалоид“. Следи ЖАС АД Скопје со 60 обични акции. Комерцијална банка ја има со 47, а ТТК банка со две обични акции.

    Меѓу редовните се и акциите на „Макпетрол“, сега 29, како и на „Окта“ – 10.

    Минатата недела нетрговски биле трансферирани и 31 обична акција издадени од Дебарски бањи Цапа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично