ПОВЕЌЕ

    Акциите на Јувентус и Манчестер Јунајтед потонаа

    Време зa читање: < 1 минутa

    Воспоставувањето на Супер лигата, немаше посебно влијание на берзите, но сепак е интересно да се види вредноста на акциите на Јувентус и Манчестер Јунајтед.

    Јувентус во понеделникот порасна за 18 проценти, а Манчестер за 11 проценти, но во вторникот следеше “отрезнување”. Двата клуба се меѓу дванаесетте брендирани кои решија да и свртат грб на УЕФА и да воспостават елитна затворена лига под покровителство на ЈП Морган.

    Инвеститорите на почетокот беа очигледно малку наивни кога веруваа дека сè ќе оди лесно. Пазарната капитализација на двата клуба се зголеми за повеќе од 500 милиони долари во понеделникот. Со многу негодувања во јавноста, особено во Англија, овој проект најверојатно нема да заживее (првите клубови веќе најавуваат дека се предомислиле), акциите на Јувентус во вторникот паднаа за четири проценти, а на Манчестер за шест проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично