ПОВЕЌЕ

    Акциите на Тесла паднаа за 34% во рок од само една недела

    Време зa читање: 2 минути

    Акциите на Тесла паднаа повеќе од 34% во изминатата недела, што претставува огромен пресврт во богатството за она што беше една од најжешките акции оваа година.

    Акциите на познатата компанија, паднаа на 330,21 долари при затворањето на пазарот вчера, што е намалување од највисоките 502,49 долари за време на тргувањето пред една недела. Само вчера, акциите на производителот на електрични автомобили потонаа повеќе од 21%, што е најголем дневен пад досега.

    Падот во голема мерка се припишува на тоа што Тесла не беше вклучен во индексот S&P 500 во петокот, изненадувајќи ги инвеститорите кои сметаа дека компанијата е сигурен победник. Тесла, исто така, објави дека продал нови 5 милијарди акции, намалувајќи ја вредноста на акциите што ги држеа постојните инвеститори.

    Во меѓувреме, се искачија акциите конкурентот на Тесла, Никола, електрично возило и старт-станица со горивни ќелии, по партнерството со Џенерал Моторс за производство на електричен пикап кој се очекува да започне со производство во 2022 година и кој ќе биде конкуренција на Cybertruck возилото на Тесла кое пак ќе започне со производство кон крајот на следната година.

    Падот на акциите на Тесла исто така се совпаѓа со големиот пресврт во индексите Дау Џонсон и Насдак. Најмногу паднаа акциите од областа на технологијата односно на големите технолошки фирми како „Епл“, „Фејсбук“ и „Амазон“.

    Со падот на цените на акциите, пазарната вредност на Тесла се намали на 307,7 милијарди долари, што е многу помалку од 468,2 милијарди долари минатата недела.

    Но, и покрај падот во текот на изминатата недела, акциите на Тесла се уште се зголемуваат скоро 284% од почетокот на годината.

    Колин Раш, аналитичар во инвестициската банка Опенхајмер, рече дека очекува поголема нестабилност на берзата до крајот на годината, но, што се однесува до Тесла, тој звучеше донекаде позитивно, велејќи дека технологијата и автомобилите на Тесла имаат „фундаментално водство“ пред ривалите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично