Познат инвеститор вложил над 751 илјада евра во Стопанска банка АД Битола. Во блок трансакција се купени 16.019 обични акции. Информацијата е објавена на Македонска берза.
Трансакцијата во износ од 46.326.948 денари е реализирана по цена од 2.892 денари за акција. Инаку, номиналната вредност на една акција е три илјади денари.
Бројот на купените акции на инвеститорот му обезбедуваат 4,10 проценти од основната главнина на битолската банка.
Минататa година Стопанска банка Битола ја заврши со повисоки каматни приходи и зголемени штедни влогови од граѓаните. Нивниот финансиски извешатај покажа добивка пред исправка од 2,37 милиони евра, на годишно ниво повисока за 50,79 проценти.