ПОВЕЌЕ

    Airbnb ќе започне да котира на берзата и покрај корона-кризата

    Време зa читање: 2 минути

    Airbnb објави дека аплицирала да излезе на берзата, по многу нестабилна 2020 година, кога поради светската криза пандемијата, профитот беше преполовен во однос на претходната година.

    Се шпекулира дека одлуката била под влијание на притисокот на работниците кои се вработени во компанијата уште од самиот почеток.

    Airbnb минатата година, конечно, објави дека ќе излезе во јавноста во 2020 година, така што очекувањата на акционерите се дека тоа навистина ќе се случи. Бројот на акции што треба да се понудат, како и нивниот опсег на цени, сè уште не е решен.

    Пандемијата го намали вкупниот проток на изнајмени простории за милијарда долари скоро преку ноќ, а кога компанијата процени дека приходите од 2019 година, кои изнесуваа 4,8 милијарди долари, ќе бидат преполовени, тие решија да отпуштаат приближно 2.000 работници.

    Airbnb најверојатно ќе мора да ги убеди инвеститорите дека е во состојба брзо да се врати на претходната стабилност и дека ќе може да се прилагоди на новата реалност. Сепак, некои видови патувања, како што се одмори во странство, службени патувања и какви било големи настани, нема да се вратат во скоро време.

    Компанијата соопшти дека очекува некои потешкотии сè додека не заврши пандемијата, но верува дека ќе ја надмине на пазарот што остана силен и покрај економското уништување. Индексот S&P 500 неодамна достигна рекордно високо ниво, додека технолошката компанија Apple стана првата американска компанија со пазарна вредност проценета на 2 трилиони долари.

    Во мај, приходите на компанијата повторно почнаа да растат, бидејќи луѓето ширум светот решија летото да го поминат во приватно сместување, а во текот на јуни и јули успеаја да се вратат на нивото од претходната година.

    Друга отежнувачка околност за инвеститорите е огромниот број критики упатени кон компанијата, која од своето основање имаше бројни конфликти со локалните регулаторни тела заради таксите, како и правото на спроведување на нивниот деловен модел.
    Членовите на заедницата, од друга страна, ја критикуваат платформата затоа што некои места се претворени во туристички локации, така што цените на изнајмување станови драстично скокнаа, поради што локалното население најмногу страда.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично