ПОВЕЌЕ

    Airbnb и уште четири компании ќе почнат да котираат на берзата до крајот на годината

    Време зa читање: 2 минути

    Објавениот список на пет успешни стартапи покажува дека оваа година е исклучително успешна за технолошките компании.

    Airbnb, Affirm, C3.ai, Roblox и Wish најверојатно ќе излезат во јавноста до крајот на годината, со што ќе се потврди колку оваа година беше успешна за првичните јавни понуди (ИПО) на технолошките компании.

    Потсетуваме, компанијата Тесла минатата недела достигна најголема вредност на своите акции, а Елон Маск со тоа го престигна Цукерберг на листата на Форбс.

    Airbnб изненади во август со одлуката да излезе во јавноста затоа што приходите на компанијата беа преполовени во споредба со 2019 година и беа принудени да отпуштат 2.000 работници.

    Во следната деценија треба да се очекува повеќе технолошки компании да излезат во јавноста, пишува Techcrunch. Многу фирми се „забавуваа“ со текот на годините со приватно финансирани стратегии за раст. Денес, има многу повеќе можности во индустријата за финансирање, раст и евентуална продажба, како и развиени опции компаниите да станат јавни без да го поминат класичното ИПО.

    Покрај тоа, авторот на статијата верува дека компаниите што излегуваат во јавноста ќе бидат многу порамномерно распоредени географски. Петте компании кои ги доставија документите потребни за ИПО оваа недела имаат бази во Сан Франциско и околината, но тоа повеќе личи на одраз на времето кога се основани.

    Во Соединетите држави сè почесто се случува „еднорозите“ (стартапи вредни повеќе од милијарда долари) да никнуваат надвор од регионот на Заливот. Така, Root Insurance од Охајо неодамна стана јавно претпријатие, а во таа насока оди и Qualtrics од Јута. Технолошките стартапи денес се глобални, така што многу земји работат на тоа да ги задржат своите еднорози поблиску до себе.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично