ПОВЕЌЕ

    AI ќе го зголеми профитот, но ќе ги преполови вработените во банкарскиот сектор

    Време зa читање: 2 минути

    Вештачката интелигенција сосема ќе ја промени иднината на финансиите и парите. Според најновата студија на Citi GPS, до 2028 тоа потенцијално може да го зголеми профитот на глобалната банкарска индустрија на два трилиони долари, што би значело зголемување од девет проценти во наредните пет години.

    Исто како што парната машина ја предизвика индустриската револуција, а интернетот ја воведе ерата на информациите, така и вештачката интелигенција може да ја комодизира човечката интелигенција. Финансиите, индустријата богата со податоци и клиенти кои брзо ја прифаќаат вештачката интелигенција – ќе ги предводат промените.

    Одамна воспоставените работни места беа елиминирани во минатите периоди на технолошка трансформација, за да бидат заменети со нови. Исчезнаа многу фирми. AI ќе го повтори овој циклус, можеби и ќе го забрза.

    Според последното истражување на Citi GPS, банкарскиот сектор е следниот кој ќе ги почувствува кратењата поради неизбежната примена на вештачката интелигенција. Студијата покажува дека 54 отсто од банкарските работни места имаат исклучителен потенцијал за автоматизација. Уште повеќе, уделот на вештачката интелигенција во тој сектор би требало да се зголеми за 12 проценти.

    „GPT имаат потенцијал да трансформираат цели економии, менувајќи го начинот на кој живееме и работиме. Тие создаваат нови можности за раст и иновации, често подобрувајќи го нашиот севкупен квалитет на живот. Исто така, ги уништуваат постоечките начини на вршење на работите. И како такви, создаваат и губитници, особено на кус рок“, наведуваат од Citigroup.

    Исто така, се посочува дека банкарскиот сектор не е единствениот кој се соочува со опасноста од се позабележителната појава на вештачка интелигенција. Тоа ги очекува осигурителниот, енергетскиот и секторот на капитал.

    Засега, GenAI во финансиите е во фаза на докажување на концептот. Но, се наоѓаме во период на брза, досега невидена транзиција. Во оваа студија зборуваме за тоа кои чекори најверојатно ќе се преземат во следните неколку години, а исто така гледаме и понатаму, повикувајќи се на согледувањата што ги имаат оние кои се наоѓаат на остриот раб на напредокот, пишува во образложението на Citi GPS.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично