ПОВЕЌЕ

    АХВ го повлече од продажба чипсот „ВИПА Грил“ и апелира – кој купил да не го консумира

    Време зa читање: 2 минути

    Косовскиот чипс „ВИПА Грил“ и холандското органско какао „Cacao powder raw“ се повлечени како небезбедни, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Какаото воопшто не било пуштено во продажба, ниту, пак, дистрибуирано до крајните потрошувачи. Во него е утврдено количество кадмиум над дозволеното.

    Чипсот бил достапен на пазарот и во него е детектирано присуство на акриламид.

    Како што наведува АХВ на својата официјална веб страница, чипсот е со датум на производство 23.08.2023 и со рок на употреба 23.05.2024, а производител е „Pestova LLC“ – Косово. Агенцијата апелира, граѓаните кои имаат купено пакувања од овој чипс да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде што гo купиле.

    Чипсот е со сериски број/лот LM. Дистрибутер во земјава е „Аг-Сембол ДОО“ – Тетово, а оператор со хрaна ДТУ „Киппер Маркет“ ДОО Тетово.

    „Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека се повлекува небезбеден производ БИО КАКАО во прав, 200 грама, поради присуство на кадмиум над дозволените количини. Се работи за производ со сериски број/лот 23326, со датум на производство 23.08.2023 и рок на употреба 22.05.2025, произведен во Холандија. Какаото е увезено од „Смарт Органик“ Бугарија, а увозник во земјава е „ТИНЕКС – МТ ДООЕЛ“ Скопје. Увезениот производ не е пуштен во продажба и дистрибуиран до крајните потрошувачи“, нагласуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично