ПОВЕЌЕ

    „АДИНГ“ СО ПОЛУГОДИЕ ЗА ПОФАЛБА: Добивката за пола година е поголема за 25,5%

    Време зa читање: 2 минути

    Добивката пред оданочување на „Адинг“ за пола година е 108,3 милиони денари и е поголема за 25,5 отсто во однос на минатогодишната добивка која изнесуваше 86,3 милиони денари, а истата е и за 355,1%  поголема од планираната во износ од 23,7 милиони денари.

    Во овој период „Адинг“ оствари вкупен приход во износ од 358,4 милиони денари кој е поголем од ланскиот за 45,6 милиони денари, односно зголемување за 14,6 отсто. Во структурата на приходите најголем удел имаат приходите од продажбата во износ од 354,7 милиони денари или 99 отсто од вкупниот приход, од кои 91,1% се приходи од продажба на домашен пазар и 8,9% приходи од продажба на странски пазар. Во истиот период, пстварени се вкупни расходи во износ од 254,6 милиони денари што претставува зголемување во однос на 2023 година за 41,09 милиони денари, односно за 19,2 отсто. Компанијата која произведува и продава хемиски материјали за градежништвото, во првиот квартал од оваа година има натрфрлање во остварувањето на планот во износ од 44,2% односно по месеци, за јануари има остварување од 128,3%, во февруари од 167,2% и во март од 135,4% во однос на поединечните месечни планови.

    И во вториот квартал од 2024 година има натфрлање во остварувањето на планот, во износ од 27,4%, односно по месеци, за април има остварување од 159,7%, во мај од 113.5% и во јуни од 109,8%.

    „Адинг“обезбедил вкупни приливи од 263,6 милиони денари, повисоки се од лани за 13,7%. . Во нивната структура, со 98,7 проценти доминираат приходите од продажбата, кои достигнуваат 260,2 милиони денари. На ова поле поголеми се остварувањата на домашниот пазар – 56,7 проценти. Кај извозот, пак, чиј удел во вкупните приходи е 43,3 отсто, најголемо е учеството на средствата од продажбата во Србија (55,2%). Следуваат Бугарија (19%), БиХ (7,9%), Косово (6,3%), Црна Гора (6,2%), Украина (3,7%) и останати (1,7%).

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично