Берзата не е ништо повеќе од една џиновска глобална мрежа, која има тенденција да го организира пазарот каде секој ден се пренесуваат огромни суми пари. Се продаваат вкупно над шеесет трилиони (60.000.000.000.000) евра годишно. Повеќе од вредноста на сите стоки и услуги на целата светска економија.
Сепак, не станува збор за јаболка или четки за заби кои се тргуваат на овој пазар, туку хартии од вредност; во најголема мера, акции. Акцијата е удел во една компанија. Но, зошто воопшто се тргува со акции? Пред сè, вредноста на уделот се однесува на компанијата што стои зад неа.
Ако на пример, Фејсбук е во можност значително да го зголеми својот профит со нов модел на деловна активност тогаш неговата вредност значително ќе порасне. Ова е, секако одлично за акционерите. Акцијата што порано вредеше 38 евра, сега може да вреди 50 евра. Откако ќе ја продадеме таа акција, ќе имаме заработка од дванаесет евра по акција! Но, што добива Фејсбук од ова? Компанијата може да собере средства со продажба на акции и инвестирање или проширување на нејзината деловна активност.
Тргувањето со акции, сепак, е често игра на среќа. Никој не може да каже која компанија со сигурност ќе вреди повеќе или помалку. Ако компанијата има добра репутација, инвеститорите ќе ја поддржат. Компанија со лоша репутација или слаба изведба ќе има потешкотии во продажба на своите акции.
За разлика од нормалниот пазар на кој стоката може да се допре и однесе дома, на берза, достапни се само виртуелни добра. Тие доаѓаат во форма на цени на акции и табели на монитори. Таквите акции може да пораснат или да паднат за неколку секунди. Затоа, акционерите треба да дејствуваат брзо за да не пропуштаат можност. Дури и едноставна гласина може да резултира во побарувачката за акција да падне брзо, без оглед на вистинската вредност на компанијата. Се разбира, спротивното е исто така можно, ако особено голем број на луѓе купуваат слаби акции. Затоа што ако гледаат на пример голем потенцијал зад една идеја, нивната вредност ќе се зголеми.
Особено, младите компании можат да имаат корист од ова. И покрај тоа што нивната продажба може да падне, тие можат да создадат пари и со тоа да можат да побарат поголеми кредити од банките. Во најдобар случај, ова ќе резултира во нивната идеја да се претвори во реалност. Во најлош случај, ова ќе резултира во шпекулативен меур. И, како што е случајот со меурчиња, во одреден момент, тие ќе пукнат.
Вредноста на најголемите 500 компании во Америка е сумирана во она што е познато како индекс на акции, односно S&P500. Тој индекс покажува колку добар или лош, е перформансот на компаниите, и од таму можеме да добиеме претстава кон која насока се движи пазарот. Берзата во други земји, исто така, има свои индекси. И сите овие пазари заедно создаваат глобален финансиски пазар.