ПОВЕЌЕ

    РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА БРЗАТА ПРУГА ОД КОРИДОРОТ 10 се одвива според планот, студијата за влијанието врз животната средина пред граѓаните во август

    Време зa читање: 2 минути

    Крајот на август е рокот за завршување на студиите за влијание врз животната и врз социјалната средина за брзата пруга од Коридорот 10, а во текот на септември ќе се организираат четири јавни расправи за граѓаните засегнати со овој проект, во Скопје, Велес, Гевгелија и Демир Капија. Ова денес го најави министерот за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање.

    Според Николоски, одлично се одвива подготовката за изградба брзата пруга на Коридор 10 и по јавните презентации за студиите следува изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието. „Се е според планот како што најавив“, изјави Николоски.

    Тој потврди дека рокот за старт на работите останува  крајот на годината, како што изјави претходно премиерот Христијан Мицкоски.

    За студиите Николоски рече дека се работи навистина за квалитетен документ од скоро 1600 страници којшто ги опфаќа сите аспекти. После тоа на него се прави ревизија, односно се вклучуваат коментарите на локалното население и согласно договорот којшто го имаме, до 31-ви август оваа работа треба да биде завршена, по што би влегле во конкретизирање и пишување на договорите за финансирање на проектот и за изведба на проектот.

    Прашан за детали околу финансирањето, Николоски кажа дека до крајот на септември би имале подетални информации за споделување со јавноста, бидејќи, како што укажа, согласно со домашните закони условите ќе бидат транспарентно и јавно презентирани во Собранието и оти дотогаш не може да објават.

    (Фото: архивска снимка, Фејсбук профил на А. Николоски)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично