Министерството за транспорт ќе го превземе решавањето на проблемот со патот од Кисела Вода до Сопиште преку Тефериџ, најави денес министерот за транспорт Алаксандар Николоски. На денешното отворање на реконструираната улица Лазар Димитровски во Општината Кисела Вода, Николоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со уништениот пат кон Тефериџ, кој претставува проблем за транспортната коуникација во тој дел на Скопје, истакна дека патот кон Тефериџ е еден исклучително голем проблем, дека се работи за сериозно свлечиште. „ Со автопатите, особено Скопје-Кичево, стекнавме едно такво искуство, проблемот е далеку поголем од можностите и капацитетите на општина Кисела вода и Град Скопје. Затоа, премиерот Мицкоски реализираше една работна средба помеѓу Министерството за транспорт, општината и Градот. На последната седница на влада донесовме одлука целокупниот проект да го превземе Министерството за транспорт“, рече Николоски.
Николоски најави и дека очекува дека санацијата на патот ќе биде завршена пред да стартува зимата. „Министерството за транспорт веќе има изработено проект за стабилизација и санација и дека очекува не подоцна од следната недела да излезе тендер за изведувач, за после месец ипол да почнеме да работиме на санацијата и пред почетокот на зимата таа санација и да биде завршена“, рече Николоски.
Патот за Сопиште преку Тефериџ, и по неколкуте санации и реконструкции, кои беа изведувани за време на мандатот на поранешниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, повторно пропадна поради активирање на свлечиште и сега е затворен за сообраќај.
Аналитика








