ПОВЕЌЕ

    Летово стартуваат новите авиолинии кон Виена, Краков, Вроцлав, Сицилија и Сардинија

    Време зa читање: 2 минути

    И покрај неуспешните преговори со нискобуџетниот превозник Рајанер, претстои засилување на авионската поврзаност на земјата со пет нови линии што треба да се воведат во текот на летната сезона. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека државата продолжува да разговара со повеќе авиокомпании, но нема да прифати модели на соработка кои би значеле нерамноправен третман на превозниците или нарушување на пазарните правила.

    Тој потсети дека за привлекување на авиокомпаниите се користи систем на финансиска поддршка –9 евра по патник за скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот, нагласувајќи дека државата сака рамноправна конкуренција, а не ексклузивни услови за поединечни компании.

    Според најавите, новите летови ќе ја опфатат поврзаноста со неколку европски дестинации.

    „Во следниов период ќе има пет нови авиолинии. Аустриа Ерлајнс ќе лета директно Виена-Охрид, во јуни почнуваат две дестинации од Краков и Вроцлав во Полска до Охрид. Во текот на јуни почнуваат и две одлични летни дестинации од скопскиот аеродром, едната е Палермо-Сицилија, а втората е Алгеро-Сардинија. Отвараме пет нови рути во најголемата криза што ѝ се случила на авиоиндустријата“, вели Николоски.

    Во рамки на најавите е и проширувањето на капацитетите на нискобуџетниот оператор Визер, кој планира стационирање на дополнителен – седми авион во Скопје, со што се отвора простор и за понатамошен развој на мрежата на летови, а се разгледува и можноста за проширување кон Охрид.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично