ПОВЕЌЕ

    Се откажуваат сите резервации – на 1 мај се затвора Хотел „Русија“?

    Време зa читање: 2 минути

    На први мај, Хотелот „Русија” ќе ги затвори вратите за хотелските гости и за посетителите на популарниот „Скај бар“. Откажани се сите претходни резервации за престој и прослави, а се враќаат и уплатените средства. Извори на „Пари“ велат – ова е крај на првата голема македонска инвестиција на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

    Информацијата не е целосно потврдена. Исто така, нема потврда ниту за претпоставката дека хотелот ќе се реновира. Според реакциите на гостите што последниве месеци престојувале во „Русија“ и своите впечатоци ги споделиле преку „Гугл“, хотелот е запуштен, руиниран, храната е лоша….

    „…За жал, хотелот постепено пропаѓа. Собите се руинирани, силиконот во бањата е испукан, тушот… е полн со бигор… СПА-центарот повеќе не постои или не може да се користи. Храната е многу лоша — сува, без вкус и секој ден е иста на шведската маса… Порано беше одличен хотел, но сега не би го препорачал…“ – се импресиите на странски гостин запишани пред шест месеци.

    Уште една импресија од тој период: „Собите се запуштени, а бањата е валкана. Појадокот е најлошиот што сум го видел и пробал во хотел. Можете да го прескокнете, и токму затоа дефинитивно не вреди за парите! Дури и јаболкото не беше за јадење“.

    Секако, има и пофалби, но поретко од понов датум.

    Хотелот, изграден во 2014 година, е дел од поширокиот спортско-рекреативен центар „Јане Сандански“, чија што иднина не е доведена во прашање, велат нашите извори.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично