Градежништвото повторно со двоцифрен раст, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и додаде дека има силна динамика во изградба на капиталните проекти. „Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21% раст, а четвртиот квартал од бележиме 14,6% раст (и покрај зимскиот период каде поради природните услови градежните активности се намалуваат“, вели Николоски.
„Раст од 14,6 отсто бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локални патишта и голем број комунални проекти. Двоцифрена стапка на раст од 14,6 отсто во Градежниот сектор има во четвртиот квартал од 2025 година, што само ја потврдува нашата силна заложба и посветеност во реализација на капиталните проекти“, напиша Николоски.
Македонија, како што посочува вицепремиерот во објавата, е меѓу земјите со најголем раст на БДП, каде градежништвото повторно има двоцифрена стапка на раст.
„Во четвртиот квартал БДП порасна за 3,8 отсто што е најдобар показател за успешните политики што ги спроведуваме. Македонија се гради и се развива, следуваат нови инфраструктурни проекти, истакна вицепремиерот Николоски.
Аналитика








