ПОВЕЌЕ

    Мицкоски: Новата парадигма Државност 2030 на ВМРО-ДПМНЕ е модел за модерно државно водство

    Време зa читање: 2 минути

    На почетокот на XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Спортскиот комплекс „Јасмин” во Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030″ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што истакна дека новата парадигма Државност 2030 на ВМРО-ДПМНЕ е модел за модерно државно водство.

    „Новата политичка епоха бара парадигма што ќе ја надмине логиката на транзицијата. Парадигмата „Државност 2030″ се темели врз три оски: институционална стабилност над политички циклуси, продуктивност како национален приоритет, идентитет + Европа: синтеза, а не конфликт”,  кажа Мицкоски.

    Мицкоски во својот говор ги наброја десетте принципи кои ја дефинираат парадигмата на модерното државно водство.

    „Овие десет принципи ја дефинираат парадигмата на модерното државно водство:

    Достоинство пред сè – политиката ја почитува вредноста на човекот и државата.

    Правдата е единствениот легитимен авторитет – без неа нема држава.

    Знаењето е највисоката форма на капитал, образованието е темел на иднината.

    Државата мора да биде силна, но не и доминантна, силна во заштитата, умерена во контролата. Нацијата е заедница на заедничка судбина – не етнички список, туку историска целина. Пазарната економија создава можности, но мора да биде праведна, слободата бара одговорност. Институциите се јадрото на демократијата – политиката доаѓа и си оди, државата останува. Европската ориентација е цивилизациска определба – не тактика, туку вредност. Технологијата и одржливоста се новиот облик на развој – зелената трансформација е пат, не опција.

    Општеството се гради со доверба, без неа нема стабилност, единство, напредок.  Овој идеолошки кодекс, национален договор и нова парадигма ја оформуваат политичката мисла што ја води партијата во периодот 2025–2030. Тие го поставуваат патот кон Македонија која е:  суверена во идентитетот; eвропска во ориентацијата; стабилна во институциите и успешна во економијата”, заклучи Мицкоски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично